top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јавен повик: Поддршка за уметници и лица од културата

10.12.2020 Декември Четврток

Министерството за култура објави Јавен повик за изготвување Листа на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.септември 2020, се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата, да се пријават за финансиска поддршка во износ од 6.000 денари.

Како што велат од ресорното Министерство, средствата ќе може да се користат исклучиво за купување македонски производи и услуги во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.декември годинава.

Јавниот повик трае до 12.декември, а сите заинтересирани лица можат да достават Барање за вклучување во Листата и Изјава за исполнетост на условите за вклучување во Листата (кои се составен дел од Јавниот повик) на е-адресата на Министерството за култура (info@kultura.gov.mk).

Листата Министерството за култура ќе ја достави до Управата за јавни приходи.


7 views

Comments


bottom of page