top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ја реши Хрватска, па порача: Не можев ни да сонувам за ова, веруваме во квалитетот што го имаме

Велс направи изненадување и ја совлада Хрватска со 2-1 на средбата во Кардиф со што се стави во пол позиција за пласман на Европското првенство, поточно ја презема втората позиција во групата која види на собирот во Германија закажан за 2024 година.

Херој на островјаните беше членот на Фулам, Хари Вилсон кој даде два гола во второто полувреме и тоа во јубилејниот 50 настап во националниот тим.

-Ова беше голема вечер за мене, да ја претставувам мојата земја 50 пати е нешто за што никогаш не можев да сонувам. Ама не се работеше за мене, туку за целиот тим. Сите сме заедно како едно и веруваме во квалитетот што го имаме како група, -рече Вилсон кој му даде максимална поддршка на селекторот Роберт Пејџ.

-Сите сме 100 проценти со тренерот. Знаеме дека имаше многу галама наоколу и некои коментари кои не ни беа од помош при подготовката на натпреварот и тоа од луѓе кои искрено не очекувавме така да коментираат, -заврши Хари.

Велс има средби со Ерменија и Турција и ако истите успее да ги добие тогаш сигурно оди на ЕП без разлика на тоа што Хрватите ќе направат.


2 views

Comments


bottom of page