top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѕвездите на „Хари Потер“, но не и Џ.К. Роулинг, повторно заедно за специјална ТВ-емисија

Updated: Nov 18, 2021

17.11.2021 Noemvri Sreda

Ѕвездите на „Хари Потер“ – Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт повторно се обединуваат со другите членови на актерската екипа од блокбастер серијалот за специјална ТВ-ретроспектива по повод 20-годишнината од премиерата на првиот филм, соопшти филмското студио „Ворнер Брос“ во вторникот. Но, авторката на „Хари Потер“ Џ.К. Роулинг нема да биде меѓу оние кои лично ќе се појават во емисијата. Роби Колтрејн, Том Фелтон, Хелена Бонам Картер, Гери Олдман и режисерот Крис Колумбо и други ѕвезди од осумте филмови ќе им се придружат на поранешните деца-актери за 20-годишнината на „Хари Потер“: Враќање во Хогвортс на филмскиот сет во Лондон каде што беше снимен првиот филм. Специјалното издание ќе се емитува на 1 јануари на стриминг-платформата „ХБО макс“. Во ретроспективата, актерската екипа ќе се врати на оригиналните сетови во интернатот во Хогвортс кои беа прикажани во првиот филм „Хари Потер и каменот на мудроста“ објавен во ноември 2001 година. Филмската сага, базирана на приказните на англиската писателка Роулинг за младото момче волшебник, заработи околу 7,8 милијарди долари на светските киноблагајни.




4 views

Commentaires


bottom of page