„Ѕвездени патеки: Дискавери“ се враќа
26.11.2021 Noemvri Petok
Се чини дека меѓународните фанови ќе може да ја гледаат „Ѕвездени патеки: Дискавери“ порано од предвиденото. Оваа вест доаѓа по неодамнешната објава на „Парамаунт“ дека серијата го напушта „Нетфликс“ и дека нема да ѝ се врати на меѓународната публика до 2022 година. Но, новата сезона на култната серија ќе им биде достапна на избрани меѓународни пазари на 26 ноември. Сега фановите од целиот свет ќе може да ја гледаат четвртата сезона кога ќе биде премиерно прикажана на 26 ноември, нешто повеќе од една недела по американската премиера. „До сите меѓународни фанови на Star Trek: Discovery!“, твитна мрежата. „И ние ја сакаме оваа серија. Ја сакаме поради неверојатната актерска екипа, имагинативното раскажување приказни, револуционерните разновидни ликови што ја оживуваат серијата и она што го претставува за толку многу луѓе во светот. Star Trek отсекогаш ги ставал своите фанови на прво место“, „Затоа, за време на оваа транзиција правиме сѐ што можеме за што побргу да ви ја пренесеме новата сезона. Ние сме горди на Discovery. Ветуваме дека на овој серијал и на неговите верни фанови ќе им ја дадеме целата глобална љубов и видливост во големиот универзум на ‘Парамаунт плус’“.
Comments