top of page
Search

Ѕвездата на Баерн на можната преселба во Реал: Се чувствувам…


29.01.2024 Januari Ponedelnik

Реал Мадрид е тим кој секогаш гледа максимално да ги искористи шансите на пазарот, поточно да дојде до засилувањата што ги посакува и на тој начин го зголеми квалитетот, конкурентноста во екипата.

Шпанскиот великан веќе некое време се поврзува со можен ангажман на одличниот лев бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис. Дејвис би бил долгорочно решение на таа позиција која сега ја покриваат Ферлан Менди и Фран Гарсија, меѓутоа Канаѓанецот би можем да понуди нешто друго поразлично и поквалитетно.

Алфонсо има договор до 2025 година и се споменуваше дека Реал може веќе следново лето да проба да го добие неговиот потпис, меѓутоа за тоа ќе треба да постои желба и кај самиот играч кој за „Кикер“ порача дека е среќен во Минхен.

-Се чувствувам многу удобно овде. Играм во неверојатен тим во еден од топ клубовите во Европа. Останувам концентриран и давам се за тимот и нашите навивачи, -истакнал бекот.


2 views

Commentaires


bottom of page