top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѕвезда на Њукасл бара друга награда: Халанд е лига за себе, потребна ни е „Сребрена копачка“

Ерлинг Халанд растура во првата своја сезона во дресот на Манчестер Сити, а особено е импресивен во Премиер лигата каде веќе има 14 голови што е дури 7 повеќе во однос на вториот на листата на стрелци Хари Кејн.

Ваквите изданија на Норвежанецот ги откажаа неговите колеги кои сметаат дека едноставно немаа шанси во трката за најдобар стрелец, па така според напаѓачот на Њукасл, Калум Вилсон потребно е за оваа кампања да се воведе нова награда, признание „Сребрена копачка“.

-Кака напаѓачи ние се натпреваруваме против тоа, дали знаете на што мислам? Значи како напаѓач давате најмногу голови, има Златна копачка за тоа на крајот на сезоната. Тоа сега е надвор од сликата, го нема.

-На Халанд му треба негова копачка, а за нас друго. Ни треба „Сребрена копачка“. Ни треба малку нешто за да биде фер. Мислам дека оваа година, лично, тој ќе го собори рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата, -порача Вилсон.

Комплименти за Ерлинг стигна и од искусниот ас на Вест Хем, Микел Антонио.

-Мислам дека ќе даде најмалку 45 голови во Премиер лигата, -рече Антонио.


0 views

Comments


bottom of page