top of page

Ѓуроски донесе драматична победа за Куманово над Гостивар

10.04.2026 April Petok

Составот на Куманово оствари драматична победа над Гостивар од 75:73 во натпреварот од плеј-аутот во Суперлигата.

Гостите на 14 секунди до крајот израмнија на 73:73 со поените на Димитриевски, но потоа домаќините возвратија и реализираа преку Ѓуроски за 75:73.

Останаа уште десет секунди, гостите се организираа, но обидот на Столески пред звукот на сирената не беше прецизен и кумановци можеа да го прослават овој триумф.

Луковиќ беше на нивото на задачата во овие 40,минути. Го заврши искусниот центар мечот со ефект од 27.поени и 14.скока, додека Стевановиќ додаде 13.поени (плус осум асистенции и пет скока.

На спротивната страна, Димитриевски реализираше 16.поени (плус девет скока и три додавања), Младеновиќ имаше поен помалку и шест асистенции, Црниќ додаде 11, а Американецот Грегори уште 10. поени.


 
 
 

Comments


bottom of page