Ѓорѓевиќ: Подготвени сме и ќе дадеме сѐ од себе за Македонија
- Aleksandar Santovski
- Jul 24
- 1 min read
24.07.2026 juli Petok
Македонската машка репрезентација „Под 18“ години вечерва го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Ријека и Опатија, Хрватска.
Нашите јуниори првиот предизвик го имаат против селекцијата на Грузија, а капитенот Григориј Ѓорѓевиќ истакнува дека тимот е максимално подготвен за шампионатот и верува во успешен настап.„Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и за мене, и за моите соиграчи. Голем предизвик е да бидеме дел од ова натпреварување и да играме против најдобрите кошаркари од земјите учеснички.Добро се подготвивме во периодот кој е зад нас и верувам дека сме подготвени за сите предизвици што нè очекуваат. Како тим сме обединети, имаме одлична атмосфера и добра хемија, а сите размислуваме само за успех.Ќе го дадеме својот максимум на секој натпревар и ќе се бориме за што е можно повисок пласман“, вели капитенот на Македонија, Григориј Ѓорѓевиќ.
Македонија настапот на Европското првенство ќе го отвори вечерва со натпревар против Грузија, кој започнува во 20:30 часот. Покрај Македонија и Грузија, во групата „Д“ се и репрезентациите на Шведска, Босна и Херцеговина и Унгарија, а првите две селекции на табелата ќе обезбедат место во четвртфиналето на шампионатот.






Comments