Ѓорѓев со одличен гол од контра ја најави победата на Шафхаузен (ВИДЕО)
Повремениот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев продолжува да блеска носејќи го дресот на Шафхаузен, тим кој е на првото место во втората лига на Швајцарија или поточно е на добар пат да се врати во елитната конкуренција. Составот на Шафхаузен славеше со 5-2 на гостувањето кај Тун иако губеше со 1-0 по 22 минути игра. Од тука почна шоуто на гостите кои прво преку Лика израмнија на 1-1 за да во 31 минута нашиот Ѓорѓев одлично се снајде по една контра, се ослободи од Сутер и стрела за целосен пресврт. Со овој резултат од 2-1 се замина пауза по што во вториот дел видовме уште четири погодоци за убедливо славјена гостите. Ова за Никола беше 4.гол, а има и уште толку асистенции на 14.досегашни натпревари за Шафхаузен. До крајот остануваат уште две кола, а пресудно може да биде наредното кога Ѓорѓев и компанија ќе го пречекаат второпласираниот Арау.
Comments