top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа ќе се бори за пехарот во двојки во Ираклион

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја забележа втората победа на фјучерсот во Ираклион, победа со која избори место во финалето во двојки на турнирот кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа во комбинација со Деа Херџелаш (Босна и Херцеговина) ги надиграа вторите носителки Катарина Хобгарски (Германија) и Дарја Семенистаја (Летонија) за неполн час со 6-1 и 6-3.

Како што покажува самиот резултат Лина и Деа доминатни, противничките немаа одговор за нивната игра и сосема заслужено ќе се борат за пехарот во оваа конкуренција.

Последна пречка до заокружување на успешната приказна ќе им бидат Лиа Каратанчева и Оана Гаврила.

Како потсетување тетовката претходно имаше одличен настап во сингл и закажа полуфинале со првата носителка Хобгарски од Германија.


1 view

Comments


bottom of page