Search
Ѓорческа ќе игра полуфинале во двојки во Копер
- Aleksandar Santovski
- Apr 19, 2024
- 1 min read
19.04.2024 April Petok
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во двојки на фјучерсот што се игра во Копер (Словенија).
Тетовката во комбинација со Кристина-Андреа Миту избори пласман во оваа рунда со победата над чешко-украинскиот пар Ивана Себестова и Анастасија Константиновна Соболева.
Резултатот беше 2-0 во сетови или поточно 6-4 и 6-1 по 70 минути игра на централниот терен.
За пласман во големото финале Ѓорческа и Миту ќе се борат со првите носителки Вероника Ерјавец од Словенија и Доминика Салкова од Чешка.
Турнирот се игра на земјена подлога, наградниот фонд е 60.000 долари.
Comments