top of page

Ѓорческа ќе игра и во квалификациите за Вимблдон

15.06.2026 juni ponedelnik

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за Вимблдон, третиот грен слем турнир во сезоната и најпрестижниот тениски настан на тревна подлога.

Тетовчанката продолжува со настапите во квалификациите на најголемите светски турнири, откако претходно годинава беше во битка и за пласман на Австралија опен и Ролан Гарос.

Во пресрет на настапот во Лондон, Ѓорческа веќе ги започна подготовките на тревна подлога, со цел во што подобра форма да го дочека почетокот на квалификацискиот турнир.

Македонската тенисерка во моментов се наоѓа на 211. место на ВТА-листата и ќе се обиде преку квалификациите да обезбеди пласман во главниот турнир на Вимблдон.


 
 
 

Comments


bottom of page