top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа ја надигра шестата носителка на силниот турнир во Копер

17.04.2024 April Sreda

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успеа да избори осминафинале на силниот ИТФ фјучерс што се игра во Копер (Словенија).

Ѓорческа имаше тешка задача уште на стартот, соочување со тенисерка која е подобро пласирана, рангирана од нејзе на ВТА листата, шестата носителка, Анка Алексија Тодони. Лина подобро се снајде на теренот број еден и со 6-4 и 6-1 обезбеди победа по 1 час и 39 минути игра.

Македонката имаше добра реализација на брејк шансите (7/11/) за разлика од противничката (3/12), а и севкупно гледано освои дури 20 поени повеќе од Романката (68/48).

Во следното коло Лина ќе се соочи со Дебора Киеза од Италија со која низ изминативе години имаа интересни и драматични битки.

Турнирот во Копер се игра на земјени терени за награден фонд до 60.000 долари.


0 views

Comments


bottom of page