top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа успешно го стартуваше турнирот во Анталија

10.02.2021 februari sreda

Најдобриот македонски женски рекет, Лина Ѓорческа имаше успешен старт во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Анталија кој се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Ѓорческа како прва носителка славеше над квалификантката од Бугарија, Лиа Каратанчева со 2-0 во сетови. Првиот сет донесе многу борба, неизвесност и истата Лина го доби со 7-5, додека во вториот видовме доминација на Македонката која со 6-1 го затвори овој меч.

Во следната рунда Ѓорческа ќе ги одмери силите со Хенеман од Шведска.

Воедно треба да се напомене дека тетовката е активна и во двојки каде со Кристина Дуни веќе обезбедија место во четвртфиналето.


7 views

コメント


bottom of page