top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа успешно го отвори турнирот во Грција

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја забележа првата победа на ИТФ фјучерсот во Грција што се игра на земјена подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа успеа да слави над Александра Игнатик од Романија и тоа откако противничка го предаде мечот во третиот сет. Романката го доби првиот сет во тај брејкот со 7-4 за да потоа Лина одговори жестоко со 6-1 за 1-1 во сетови за да во решавачкиот Македонката поведе со 2-0 во гејмови по што Игнатик одлучи да се повлече.

Тетовката во осминафиналето ќе ги одмери силите со Софија Рокети која е 485 на ВТА листата.


1 view

Comments


bottom of page