top of page

Ѓорческа тргна сигурно на турнирот во Трст

Најквалитетниот женски македонски тениски рекет, Лина Ѓорческа имаше посакуван старт на ИТФ фјучерсот во Трст што се игра на земјена подлога за вредност од 25.000 долари.

Тетовката како осма носителка во првото коло во поединечна конкуреција за ривалка ја имаше Оливија Џандрамулија (Австралија) и истата ја совлада со 2-0 во сетови.

Ѓорческа беше сигурна и со 6-2 и 6-3 оствари победа по точно еден часа и 16 минути игра.

Во втората рунда Лина ќе се соочи со подобрата од пресметката меѓу домашната тенисерка Меланија Делаи и Јулијана Лизаразо од Колумбија.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page