top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа стигна до четвртфиналето на третиот турнир во Манакор

Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на третиот турнир во Манакор, откако денеска беше подобра од третата носителка на ИТЈ фјучерсот во Шпанија. Најдобрата македонска тенисерка влезе како аутсајдер во дуелот со Холанѓанката Лесли Патинама Керкове, но на теренот покажа дека е подобра тенисерка и победи со 7:6 и 6:4. Најголемата и клучна борба се водеше во тајбрејкот во првиот сет, кој на крајот и припадна на Лина со 8:6 за важно водство од 1:0, кое и донесе самодоверба во вториот сет. Во овој дел од играта, доволен беше еден брејк за да се скрши отпорот на противничката од Холандија, која загуби со 6:4 и мораше да подаде рака на подобрата Ѓорческа. Македонакта во четвртфиналето ќе добие шпанска противничка, бидејќи следен ривал ќе и биде подобрата од пресметката меѓу Лазаро Гарсија и Ромеро Гормас.


1 view

Comments


bottom of page