Search
Ѓорческа со пресврт до четвртфинале на турнирот во Романија
- Aleksandar Santovski
- Sep 11
- 1 min read
11.09.2025 Septemvri Cetvrtok
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа избори место меѓу најдобрите осум на ИТФ фјучерсот во Букурешт (Романија) што се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 долари.
Ѓорческа во денешниот осминафинален меч беше подобра од Ноами Басилети од Италија. Италијанката го доби првиот сет со 6-3, но потоа на сцена стапи четвртата носителка која го крена нивото на игра и со 6-3 и 6-4 обезбеди место во четвртфиналето на турнирот.
За место во полуфиналето Македонката ќе игра со 21-годишната Лаура Хиетаранта од Финска која денеска ја елиминираше петтата носителка Јулија Авдеева.






Comments