top of page

Ѓорческа со пресврт до прва победа во Телави

13.07.2021 Juli Vtornik

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја оствари првата победа на фјучерсот во Телави и тоа во игра на двојки каде заедно со Валерија Страхова (Украина) се поставени за први носителки на турнирот.

Македонско-украинската комбинација одигра многу лошо во првиот сет и истиот го загубија со 6-1 за да потоа се пробудат и вратат во вториот со 6-0. Во третиот сет Лина и Валерија продолжија да доминираат и со 10-4 се изборија за осминафинале во Грузија.

Кога е во прашање сингл конкуренцијата Ѓорческа тука е трета носителка, прв предизвик ќе и биде Бугарката, Гергана Топалова.

Фјучерсот во Телави се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 американски долари.


 
 
 

Comments


bottom of page