Ѓорческа со пресврт до осминафинале на турнирот во Чешка
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа избори пласман во осминафиналето на силниот фјучерс турнир што се игра во Оломоуц, Чешка.
Ѓорческа е поставена за петта фаворитка на турнирот, а во првото коло за ривал ја имаше Тина Надин Смит од Австралија која се покажа како тврд орев и за која требаше да игра три сета за да се пласира во наредната фаза.
Лина имаше лошо отварање и првиот сет го загуби со 6-2, но како што одминуваше времето тетовката ја поправи играта и во вториот сет преку тај-брејк (7-3) дојде до 1-1.
Тука тетовката како да ја скрши тенисерката од Австралија затоа што решавачјата рунда ја доби со 6-2 и со тоа закажа меч против Тереза Валентова која е 730 на ВТА листата.
Овој настан се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 американски долари.
Comments