top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа со победа го отвори турнирот во Словенија

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа минатата седмица падна на последниот испит во Куршумлиска Бања, но тоа е веќе зад неа затоа што сега на програмата го има фјучерсот во Оточец (Словенија) каде имаше успешен старт во поединечна конкуренција.

Лина ја има улогата на седми носител, па како таква денеска ја оправда фаворитската улога против домашниот рекет, Пиа Ловриќ. Доста интересно беше во двата сета, има размена, надмудрувања, ама Ѓорческа го имаше завршниот збор и со два идентични резутати од по 6-4 обезбеди осминафинале на турнирот што се игра на земја за вредност од 40.000 долари.

Нареден противник ќе и биде подобриот од дуелот Сузан Ламенс (Холандија)-Лавинија Танасе (Романија).


1 view

Comentários


bottom of page