top of page
Search

Ѓорческа со победа го отвори турнирот во Осијек

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ја има улогата на прв носител на фјучерсот во Осијек (Хрватска), турнир на кој тргна посакувано со рутинска победа над Сабина Дадачиу од Романија.

На Лина и беа потребни 1 час и 21 минута за да ја мине првата рунда и тоа со чист триумф од 2-0 во сетови. Ѓорческа беше убедлива во првиот сет со 6-2, додека во вториот ривалката успеа да освои еден гејм повеќе (6-3).

Овој триумф ја однесе Македонката на соочување со домашниот рекет 30-годишнаѕа Силвија Њириќ кој настапува на фјучерсот со вајлд карта.

Инаку во Осијек во машка конкуренција настап имаше Горазд Србљак кој по три часовна битка загуби од третиот носител Себастијан Прехтел со 2-1 во сетови со 3-6, 7-5 и 3-6.


 
 

Comments


bottom of page