Search
Ѓорческа со победа го отвори третиот турнир во Манакор
02.02.2022 Januari Sreda
Најквалитетната македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше позитивен почеток на третиот ИТФ фјучерс што се игра во Манакор (Шпанија).
Ѓорческа во првата рунда рутински се справи со домашниот рекет Роса Висенс Мас која ја совлада со 2-0 во сетови. Дуелот траеше 1 час и 16 минути, период во кој Лина првиот сет го реализираше со 6-2, додека пак во вториот имаше поголема борба и со 6-4 обезбеди место во наредната рунда.
Ова е турнир што се игра на тврда подлога и истиот е вреден 25.000 долари.
Comments