Search
Ѓорческа со нова победа во полуфинале во Ираклион
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа успешно одработи уште еден предизвик на фјучерсот во Ираклион, победа со која избори пласман меѓу најдобрите најдобри на турнирот што се игра на земја за награден фонд од 25.000 американски долари.
Во денешното четвртинале Лина се соочи со Софија Рокети од Италија и успеа да ја совлада со 2-0 во сетови. Мечот на главниот терен траеше точно еден час и 24 минути, период во кој Ѓорческа првиот сет го реализираше со 6-1, а вториот со 6-4.
Последна пречка до завршниот меч на турнирот ќе и биде Мириам Бјанка Булгару од Романија (шеста ностелка), тенисерка која ја совлада во финалето на претходниот турнир.
Comments