top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа со доминантно издание до четвртфинале во Грција

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди место во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Ираклион (Грција) кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа како четврта носителка го потврди статусот на фаворит и лесно се справи со Италијнката, Софија Рокети. На Македонката и беа потребни 74 миинути за да го добие овој дуел и тоа со 6-3 и 6-1

Тетовката освои 21 поен повеќе од противничката (59/38) и воедно искористи шест од осумте брејк топки.

Сега следи најсериозниот предизвик за Лина, битка со шестата носителка Сиња Краус од Австрија која е 224 на ВТА листата.


0 views

Comments


bottom of page