top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа рутински до осумте најдобри на турнирот во Осијек

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучерсот што се игра во Осијек, Хрватска.

Лина за денешен ривал ја имаше домашната претставничка Силвија Њириќ која рутински ја реши за 80 минути игра на централниот терен.

Хрватката покажа заби во првиот сет во кој водеше и со 3-1, но потоа Ѓорческа тргна моќно, силовито и ги доби наредните 11 гејмови за конечни 6-3 и 6-0 и место меѓу најдобрите осум на турнирот кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Македонската која е поставена за прва носителка за нареднат противничка ја има Викторија Кан.


2 views

Comments


bottom of page