top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа пропушти многу шанси и остана без четвртфинале во Чешка

Лина Ѓорческа не успеа да ја мине најновата пречка на фјучрс турнирот во Чешка, па така во осминафиналето стави крај на своето учество во Оломуц.

Најдобрата македонска тенисерка загуби од големата тениска надеж од Чешка, бидејќи талентираната 16-годишна Тереза Валентова излезе како победничка во два израмнети и возбудливи сета.

Младата тенисерка од Чешка настапува на домашниот турнир со добиена вајлд-карта, а истата сега успеа да ја оправда со победата над најдобриот женски рекет од Македонија.

Лина дефинитивно има за што да жали на овој меч поради водството кое го имаше во првиот сет, кој не успеа да го приведе во своја корист иако водеше со 4:1 и 5:2. Во продолжение, следеше сериоја од пет гејма на Валентова и домашната тенисерка поведе со 1:0, што беше старт на една голема криза за Ѓорческа.

Истата продолжи и во вториот сет во кој Лина губеше со 3:0, но сепак не се предаде и успеа да поведе со 5:4. Македонската тенисерка сервираше за 1:1 во сетови, но откако не успеа да израмни, се одигра тајбрејк и загуби во истиот со 13:11.


1 view

Comments


bottom of page