Search
Ѓорческа поразена во првото коло на турнирот во Истанбул
Најдобриот женски македонски рекет, Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на силниот фјучерс турнир во Истанбул што се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 американски долари. Ѓорческа беше поставена за осми носител, а за ривал на стартот ја имаше 28-годишната Ирина Марија Бара од Романија. Романката избори победа по два часа игра на теренот Џан Унер со 2-1 во сетови. Првиот сет мина во знакот на Македонката со 6-3, потоа Марија Бара возврати со 6-2 за да во решавачкиот видиме многу нестабилност од двете тенисерки на свој сервис, но Ирина за нијасна беше подобра, посконцентрирана и со 7-5 избори осминафинале на турнирот во турската престолнина.
Comments