top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа по брза постапка до финалето на турнирот во Загреб

Лина Ѓорческа ќе се бори за уште еден трофеј во својата кариера и тоа во финалето во игра на двојки на силниот турнир во Загреб.

Македонската тенисерка и нејзината дубл партнерка Ирина Хромачева од Русија денеска за малку повеќе од еден час го добија полуфиналето на терените на ТЦ „Максимир“ и заслужено ќе се борат за трофејот на турнирот со награден фонд од 60.000 долари.

Противнички на Ѓорческа и Хромачева беа Кнол од Швајцарија, односно Мицу од Романија, а истите се победени со резултат 6:2/6:3, иако беа поставени како втори носителки на турнирот.

Најдобрата македонска тенисерка веќе ги знае и ривалите во големото финале, а тоа се Анастасија Детлуц од Чешка и Катарина Завацка од Украина.

Во сингл финалето на овој фјучрс во хрватската престолнина ќе играат Јани од Унгарија и Нимејер од Германија.


2 views

Comments


bottom of page