top of page

Ѓорческа падна во првата квалификациска рунда на Ју-Ес Опен тенис

Aug 25
1 min read

24.08.2026 Avgust Ponedelnik

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да направи изненадување и доживеа пораз од Маи Хонтама во првата квалификациска рунда на Ју-Ес Опен.

Лина посакуваше резултат како на Вимблдон каде преку квалификациите дојде до главната фаза, меѓутоа ќе мора да почека некоја друга шанса за тоа кога е во прашање грен слемот во Њујорк.

Хонтама која е подобро пласирана од Ѓорческа на ВТА листата ја оправда улогата на фаворит со славје од 2-0 во сетови.

Клучен беше првиот сет во кој видовме огромна борба, освојување на сервисот на противникот, па се се решаваше во тај-брејкот во кој Јапонката беше на повисоко ниво и го доби со 7-1.

Ѓорческа водеше со 3-2 во вториот сет, ама потоа дојде до значаен пад во нејзината игра, дозволи Маи да добие четири гејмови во низа и да го затвори овој натпревар.


 
 
 

Comments


bottom of page