top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа оствари уште една победа, во четвртфиналето ќе игра против првата фаворитка

Лина Ѓорческа вчера имаше добар ден на турнирот во Словенија и мина по една рунда во сингл и дубл конкуренција, но во ист ритам продолжи и денеска.

Најдобрата македонска тенисерка ја мина и втората пречка во поединечна конкуренција и се пласираше меѓу осумте најдобри во Оточец, а тоа го направи навистина фуриозно.

Лина беше подобар од Романката Лавија Танасе со 2:0 во сетови, односно и препушти на ривалката само пет гејма во двата сета кои завршија 6:3 и 6:2.

Овој резултат и носи навистина сериозен предизвик на Македонката во следната рунда, бидејќи за противник ќе има тенисерка која е прва носителка на турнирот, а има настапувано и на грен слем турнирите.

Романката Ирина Марија Бара има играно на главните турнири на Австралија Опен и Вимблдон, а најдалеку има стигнато на Ролан Гарос (трета рунда).


1 view

Comments


bottom of page