top of page

Ѓорческа остана без место во четвртфиналето на Челинџер турнирот во Анталија

Sep 10
1 min read

09.09.2026 Septemvri Sreda

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на Челинџер турнирот што се игра во Анталија.

Ѓорческа ја доби седмата носителка во првото коло и со зголемена самодоверба влезе во денешното соочување со Аурора Ѕантедески, тенисерка која е послабо рангирана од тетовката на ВТА листата.

Лина тргна добро и првиот сет го реализираше во своја корист со 6-4, но потоа имаше проблеми, не се задржа истото ниво на игра и Италијанката со 6-3 и 6-1 се избори за пресврт и место во четвртфиналето на турнирот.


 
 
 

Comments


bottom of page