top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа обезбеди место во осминафиналето во Рим

Најдобриот македонски рекет, Лина Ѓорческа имаше позитивен старт и во поединечна конкуренција на фјучесот во Рим што се игра на земјени терени.

Тетовката за прв ривал во сингл ја имаше Сара Чакаревиќ од Франција која ја совлада со 2-о во сетови. Првиотсет мина во доминација на Лина со 6-0, вториот почна со водство на Чакаревиќ од 3-0 во гејмови, но потоа дојде одговорот од Македонката која покажа карактер, желба за надигрување и се избори за тај-брејк во кој со 7-2 ја заврши работата на овој меч.

Ѓорческа во следната рунда ќе се соочи со домашната тенисерка Дебора Кјеза, додека во двојки заедно со Ана Шишкова ќе излезат на мегдан против Даниела Висмане и Дарија Астахова.

Турнирот во италијанската престолнина се игра за награден фонд од 60.000 долари.


1 view

Comments


bottom of page