Search
Ѓорческа немаше сили за изненадување против шестата носителка во Марибор
Лина Ѓорческа не го мина првото коло на силниот ИТФ фјучерс што се игра во Марибор на тврда подлога за вредност од 40.000 долари.
Најдобрата македонска тенисерка уште на самиот старт доби тежок предизвик, соочување со шестата носителка Анастасија Тихонова од Русија која славеше со 2-0 во сетови на теренит број пет. Првиот сет мина во апсолутна доминација на Русинката (6-1), вториот пак донесе далеку позрамнета игра, поголема борба во која Тихонова најде начин со 7-5 да го затвори мечот по точна 1 час и 26 минути игра.
Ѓорческа претходно беше елиминирана и во игра на двојки што значи дека го заврши настапот на овој турнир.
Comments