top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа немаше решение за Фита Болуда

Updated: Aug 13, 2021

12.08.2021 Avgust Cetvrtok

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да избор пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Коксејде (Белгија) што се игра на земјена подлога за вредност од 25.000 американски долари.

Ѓорческа немаше решени за расположената квалификантка од Шпанија, Анхела Фита Болуда која славеше со 2-0 во сетови по нешто повеќе од еден час игра на централниот терен. Фита Болуда првиот сет го доби со 6-0, додека во вториот Лина одигра за нијанса подобри, освои два гејма, меѓутоа тоа беше далеку од доволно за позитивен резултат против 22-годишната Анхела.

Сега за тетовката преостанува настапот во двојки каде за парнерка ја има Валерија Страхова од Украина.


2 views

Comments


bottom of page