Search
Ѓорческа нема да игра за титулата во двојки во Прага
Најдобриот македонски тениски рекет, Лина Ѓорческа нема да има можност да се бори за пехарот во двојки на фјучерсот во Прага. Ѓорческа и нејзината партнерка Деа Херџелаш загубија во полуфиналето од домашната комбинација, Линда Климовицова и Доминека Салкова со 2-1 во сетови. Лина и Деа убаво го започнаа мечот и првиот сет го добија со 6-4, но во вториот Линда и Доминека уште во раната фаза дојдоа до брејк кој потоа го одбранија со добра игра на свој сервис. Ова значеше дека ќе имаме „трета рунда“ во дома тенисерките од Чешка доминираа и со 10-3 се изборија за место во завршниот меч за пехарот. Турнирот се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 долари.
Comments