Search
Ѓорческа не обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во Чешка
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина четвртфиналната рунда на ИТФ фјучерсот во Чешка кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа вчера ја реши првата носителка Пана Удвари (Унгарија), но денеска немаше решение за домашниот рекет Јесика Малечкова.
Средбата на теренот број три траеше 1 час и 15 минута, Мачекова првиот сет го доби со 6-3, вториот со 6-4 и на тој начин обезбеди полуфинале во кое ќе се соочи со Деспина Папамихаил од Грција (трета носителка).
Comments