Ѓорческа не искористи сет топка, па загуби на стартот на турнирот во Загреб
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
11.06.2026 juni Cetvrtok
Лина Ѓорческа им се врати на тениските турнири, а денеска немаше среќа во дуелот со Екатерина Казионова во Загреб.
Најдобрата македонска тенисерка играше речиси два и пол часа на мечот во хрватската престолнина, а почетокот и донесе предност откако го доби првиот сет со убедливи 6:1.
Лина имаше предност од 5:3 во вториот сет, дојде и до сет и меч топка, која за жал не ја искористи, по што Казионова успеа да направи серија за 7:5 и израмнување.
Во третиот сет двете тенисерки направија по еден брејк до 4:4, но на крајот Казионова со втор брејк направи клучна предност и стигна до 6:4 и пласман во следната рунда.
Ова беше прво соочување досега на Ѓорческа и Казионова, а Русинката го доби во ситуација кога е послабо рангирана од македонската тенисерка, која беше трета носителка во Загреб.






Comments