top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа напредуваше на ВТА листата, Швјонтек и понатаму е број еден

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа напредок во поединечна конкуренција на најновата ВТА листа.

Ѓорческа има 270 бодови што во случајот беше доволно за скок од 8 позиции што во моментов ја прави 252 рекет на светот. Кога се во прашање македонските тенисерки ранкинг има уште Магдалена Стоилковска која го зазема 1325 место (нема промени).

Во двојки пак тетовката има минус од 28 позиции (450 место), а 6 чекори наназад направи и Александра Симева (1275).

На врвот немаше промени, Швјонтек е број еден пред Сабаленка и Пегула.


0 views

Comments


bottom of page