top of page
Search

Ѓорческа напредуваше 23 позиции на ВТА листата

29.07.2024 Juli Ponedelnik

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа забележа напредок од 23 позиции на најновата ВТА ранг листа.

Со добрите изданија во изминатиов период Ѓорческа си овозможи скок и сега одново е меѓу 200. најквалитетни тенисерки на светот. Со вкупно 375 поени Лина сега е 196 рекет на планетава што значи дека е многу блиску до најдобриот пласман во кариерата (170 место во 2017 година).

Во игра на двојки тетовката е 557 (минус од три места), а кога се во прашање нашите тенисерки ранкинг има и Магдалена Стоилковска која е 1078 во сингл и 1461 во дубл.

Број еден и понатаму е Ига Швјонтек од Полска пред Коко Гоф и Арина Сабаленка.


6 views

Comentarios


bottom of page