Ѓорческа имаше позитивен старт на турнирот во Врњачка Бања
- Aleksandar Santovski
- Aug 18, 2021
- 1 min read
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа минатата седмица ја заокружи со славје во дубл на фјучерсот во Коксејде, но време за одмор нема и оваа недела фокусот е на турнирот во Врњачка Бања (Србија).
Ѓорческа имаше позитивен старт и во првото коло во поединечна конкуренција славеше над квалификантката Вероника Ерјавец. Лина како седма носителка требаше добро да се испоти, намачи за да ја мине оваа фаза, односно до триумфот дојде по три сета и борба од два ипол часа.
Тетовката првиот го реализираше со 7-6, во вториот доминатна беше тенисерката од Словенија (6-2) за да во решавачкиот трет сет Лина биде таа што е на повисоко ниво и со 6-4 обезбеди место во наредната фаза.
Тука не е крајот на обврските за Македонката кога е во прашање овој ден затоа што заедно со Велерија Страхова (Украина) ќе се пресметкаат со Вероника Ерјавец и Нефиса Берберовиќ во конкуренција на двојки.

Comments