Search
Ѓорческа избори четвртфинале, Ивановски елиминиран во сингл во Куршумлиска Бања
Лина Ѓорческа и Калин Ивановски денеска имаа различен ефект на турнирот во Куршумлиска Бања, а во подобра позиција се најде нашата најдобра тенисерка која избори следна рунда на турнирот во сингл конкуренција.
Ѓорческа ја совлада Јули Струплова од Чешка со 2:0 во сетови, во меч во кој беше сигурна во двата сета, кои ги доби со 6:2 и 6:3.
Следна противничка на Македонката ќе биде шведската тенисерка, Риналдо Персон, која е осма носителка на турнирот.
Ивановски загуби во второто коло во Куршумлиска Бања и тоа од рускиот тенисер Микала Халјак, кој го доби мечот со 2:1 во сетови.
Македонскиот тенисер го продолжува настапот на овој турнир во игра на двојки, каде партнер му е Мили Пољичак од Хрватска.
Comments