top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа избори четвртфинале во двојки во Словенија

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа запиша победа и во игра на двојки на фјучерсот во Оточец (Словенија) што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа застапува заедно со Деа Херџелаш од Босна и Херцеговина, тенисерка со која добро се познаваат затоа што и во минатото имаат играно во парови. Македонско-босанската комбинација беше подобра од шпанските преставнички Паула Аријан Мањон и Гиомар Маристан Зулета де Реалes.

Се игра три сета во кои Лина и Деа отворија со убедливи 6-1, потоа противнички одговорија со освојување на наредниот сет во тај-брејкот за да во решавачкиот балканките бидат подобри со 10-3.

Наредни ривалки на Ѓорческа и Харџелаш се Кристина Дину и Илинча Далина Амареи од Романија.


5 views

Comments


bottom of page