Search
Ѓорческа избори место меѓу осумте најдобри во Ларнака
14.03.2024 Mart Cetvrtok
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучерсот што се игра во Ларнака (Кипар).
Ѓорческа во денешната рунда се справи со квалификантката од Италија, Матилде Паолети која пружи силен отпор, но нашиот рекет покажа зошто е подобро пласирана на ВТА листата и избори победа од 2-1 во сетови.
Тетовката тргна со 6-3, Италијанката возврати на ист начин за да во решавачката рунда Ѓорческа искористи две од три брејк топките и со 7-5 се пласира во следната рунда во која ќе игра со 19-годишната Ксенија Зајцева која денеска ја елиминираше првата носителка Нома Нохе Акуге од Германија.
Овој турнир се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.
Comments