Ѓорческа и Фомина обезбедија полуфинале во двојки во Германија
Лина Ѓорческа остана без сингл четвртфинале на турнирот во Хехинген, но својата сила веднаш ја пренесочи во конкуренција на двојки каде заедно со Алена Фомина изборија пласман во полуфиналето.
Македонско-руската комбинација славеше над Михаела Бајерлова (Чешка) и Анастасија Золотарева (Русија) со 2-0 во сетови по еден час игра на теренот број три.
Ѓорческа и Фомина победија со 6-2 и 6-3 и сега го чекаат наредниот ривал, подобриот од мечеот Каролина Кубанова/Анета Куцмова и Елија Сејдел и Каролина Кухл.
Кога се работи за останатите наши претставници, Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрсот во Савитаипале. Таа загуби од Маргарита Игнатјева од Летонија со 2-0 во сетови (63 64).
Горазд Србљак пак во Нови Сад немаше решение за четвртиот носител Флоран Бакс од Франција.
留言