Search
Ѓорческа запрена и во двојки на турнирот во Италија
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа нема по добро да го памети денешниот ден на фјучерсот во Рим каде доживеа два порази во двете конкуренции, односно го заврши својот настап во италијанската престолнина.
Лина прво загуби од Дебора Киеза со 2-1 во сетови за да потоа во игра во двојки заедно со Ана Шишкова од Чешка претрпат пораз од Даниела Висмане и Дарија Астахова.
Точно еден час и седум минути траеше битката на теренот број три каде Лина и Ана се вратија во игра во вториот сет со 6-0 за да израмнат на 1-1, но во третиот противничките беа за нијанса подобри, пофокусирани и со 10-8 обезбедија полуфинале на фјучерсот кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.
Comments