top of page

Ѓорческа запрена во четвртфиналето на турнирот во Мадрид

10.04.2026 April Petok

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да избори пласман во полуфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид.

Ѓорческа во денешната четвртфинална битка доживеа пораз од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови. Соочувањето траеше околу час и половина, Лина имаше одлично отварање и поведе со 4-0 во првиот сет, но потоа доживеа огромен пад и дозволи Италијанката да ги земе наредните шест гејма и слави с 6-4.

Во втората рунда Пигато беше сигурна на свој сервис, а од друга страна направи два брејка за 6-2 и место во наредната фаза.

Тетовката следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Порторож.


 
 
 

Comments


bottom of page