top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа запрена во сингл на турнирот во Врњачка Бања

Лина Ѓорческа загуби во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Врњачка Бања и останува да се надева на продолжување на позитивната серија во дубл.

По драматичниот меч во претходната рунда, македонската тенисерка денеска играше во четвртфиналето против Ана Шишкова од Чешка, а противничката го доби мечот во два сета.

Во првиот сет, Шишкова рано обезбеди брејк и тој беше доволен за 6:3, додека во вториот Ѓорческа освои само еден гејм за конечни 2:0 и елиминација во сингл на турнирот вреден 25.000 долари.

Ѓорческа денеска ја чека уште една задача и тоа заедно со Валерија Страхова (Украина) го продолжува настапот во полуфиналето во конкуренција на двојки.

Противнички денес им се Андреа Гамис од Венецула и Бразилката Каролина Алвеш.


3 views

コメント


bottom of page