Search
Ѓорческа запрена во првото коло на силниот турнир во Астана
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина првата рунда на силниот ИТФ фјучерс во Астана што се игра на тврда подлога за награден фонд од 60.000 американски долари.
Ѓорческа уште на самиот страт имаше тежок предизвик, соочување со осмата носителка Нигина Абдураимова од Узбекистан која по скоро два часа игра се избори за триумф од 2-1 во сетови. Првите два сета беа доминатни, Абдураимова почна со 6-2 по што во ист стил одговори Ѓорческа што значеше дека ќе гледаме трета решавачка „рунда“.
Тука подобар старт имаше македонската и прва направи брејк и поведе со 2-1 во гејмови, ама таа предност не ја задржа, противничката одговори и на крајот со 6-4 се избори за славје и место во осминафиналето.
Comments