Search
Ѓорческа запрена во осминафиналето во Чешка
- Aleksandar Santovski
- Jun 15, 2023
- 1 min read
Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина осминафиналната пречка на фјучерсот во Ричани, Чешка.
Ѓорческа која беше четврта носителка на турнирот немаше решение за 27-годишната, Габриела Лее од Романија која издвојува победа со 2-0 во сетови со 7-6 и 6-4.
Се водеше голема борба на теренот број четири, борба во која Романката секогаш го имаше последниот збор, концентрација во решавачките моменти и дојде до триумф со кој избори место во четвртифиналето на фјучерсот вреден 60.000 американски долари. Габриела во наредната фаза ќе се соочи со уште една носителка (седма) и тоа Веронија Ерјавец од Словенија.

Comments